More

    Три илјади полицајци во потрага по места за пуч: Планирани убиства, објавени детали

    spot_img

    Дваесет и пет лица беа уапсени во полициски рации ширум Германија под сомнение дека планирале да ја соборат владата. Медиумите во Германија наведуваат дека станува збор за група екстремни десничари и поранешни припадници на армијата, кои планирале да упаднат во зградата на парламентот и да ја преземат власта. Осомничените се обвинети дека подготвувале активности врз основа на нивната идеологија, како што се набавување опрема, регрутирање нови членови и спроведување на обука за гаѓање.Рациите ги извршија повеќе од 3.000 полицајци и припадници на безбедносните сили во 11 германски покраини. Апсењата се извршени во Баден-Виртемберг, Баварија, Берлин, Хесен, Долна Саксонија, Саксонија и Тирингија, како и во Австрија и Италија.

    Како клучна личност за нивните планови се споменува маж опишан како принц и наречен Хајнрих 13. Тој има 71 година.

    Според федералните обвинители, меѓу уапсените во 11 германски покраини имало двајца кои наводно го воделе обидот за пуч, пренесува Би-би-си.

    Меѓу осомничените наводно има и членови на екстремистичкото движење Рајхсбиргер (Граѓани на Рајхот), кое долго време беше под надзор на германската полиција поради насилни напади и расистички теории на заговор. Тие исто така одбиваат да ја признаат модерната германска држава.

    Министерот за правда Марко Бушман на Твитер објави дека е во тек „голема антитерористичка операција“ и дека уапсените „планирале вооружен напад врз уставните тела“. Главниот обвинител рече дека групата планирала насилен пуч од ноември 2021 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img