More

    Три години членство во НАТО, Македонија со сигурна и безбедна иднина

    spot_img

    Со показни вежби од припадниците на армијата и прелет на авиони од сојузничките земји, денеска свечено беше одбележана тригодишнината од членството на Македонија во НАТО алијансата, како стратешка цел на земјава.

    – Ако погледнеме на нашата работа дома, нашата цел не беше да ја внесеме само Армијата во НАТО, туку и НАТО во Армијата – со опремата која секојдневно се менува, со процедурите и процесите кои се развиваат, со кадарот кој се усовршува, со условите за работа и стандардот кој го има секој професионален војник, секој армиски подофицер и офицер, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска на централното одбележување.

    Сето ова, рече Петровска, ќе беше невозможно без раст на буџетот на одбраната што се реализира и покрај сите економски предизвици.

    – Нашата земја ќе го достигне НАТО критериумот од 2 проценти од БДП алоциран за одбрана веќе следната година, додека вториот критериум за одвојување на 20 проценти од одбранбениот буџет за опремување и модернизација веќе и го надминавме имајќи предвид дека во 2023 година, 33 проценти од буџетот е токму наменет за опремување, нагласи Петровска.

    И според началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, зачленувањето во НАТО е значаен историски настан кој ќе сведочи за успесите на државата и Армијата.

    – Успехот кој Армијата го достигна низ целиот овој период се огледа во она што сега го имаме, а тоа се мобилни, професионални и ефикасни сили, способни да ја заштититат безбедноста на нашата земја и одговорат на сите современи закани и предизвици, нагласи Ѓурчиновски.

    Премиерот Димитар Ковачевски оцени дека националната одлука за членство во Алијансата ги пробила бариерите на партиите, религиите и народите и не обединила сите.

    – Да се биде НАТО, значи да се дели масата за одлучување со најразвиените земји во светот, да се носат одлуките за светската безбедност заедно со најмоќните, да се чува нашиот и светскиот мир како дел од воено супериорна, политички силна и релевантна и економски доминантна организација, мир и развој за безмалку една милијарда луѓе, кои живеат во заеднички демократски вредности, истакна Ковачевски.

    Оваа годишнина, посочи премиерот, не е само сеќавање на моментот кога македонското знаме се развиори пред седиштето на НАТО во Брисел, туку и момент во кој престанавме да бидеме точка на дневен ред во безбедноста и станавме дел од масата којашто го создава дневниот ред за светската безбедност.

    – Денеска ние сме НАТО. Ја остваривме едногласната одлука на нашето Собрание и идејата на нашите предци кои се бореа да бидеме еднакви со најразвиените. Успеавме да се избориме на овој пат. Со истото темпо продолжуваме и на нашиот пат кон членство во ЕУ, наведе Ковачевски.

    Според Ковачевски,НАТО заштитува, обединува и зацврстувa.

    – Пред сѐ, да се биде НАТО е силна гаранција на нашата територија и безбедност, од страна на најуспешната воено-политичка Алијанса во историјата на човековата цивилизација. Печат на нашиот територијален интегритет и суверенитет – вели тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img