More

    Три фирми се заинтересирани за тендерот за компресорската станица во Клинички

    spot_img

    Три фирми досега пројавиле интерес за тендерот за компресорската станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Информацијата за МИА ја потврди Стојче Николовски, стручно лице за посета на терен, задолжено од комисијата.

    – Три заинтересирани фирми ја посетија локацијата со цел да видат што ќе биде потребно да се набави и каде да го монтираат тоа, појасни Николовски во изјава за МИА.

    Во мај, операциони сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”.

    Беше распишан тендер за набавка на нова компресорска станица, кој пропадна бидејќи не пристигна ниту една понуда.

    На 12 септември завршува новиот тендер, а министерот за здравство Арбен Таравари изрази надеж дека сега ќе се пријави некоја фирма.

    – Се надевам дека ќе се пријави, за да го решиме овој проблем барем ако е можно до крајот на годината -рече тогаш Таравари.

    Претходно, кон крајот на јули, министерот рече дека не може да предвиди дали ќе има пријавени, но, оти овој проблем не треба да се одолговлекува. Тогаш, тој не исклучи ни директно договарање меѓу Министерството и изведувач, доколку не се појави заинтересирана фирма.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img