Background

Трговците предлагаат најмногу 200, а маржите да бидат од 3% до 15%

Реално неопходно и практично е да се ограничат цените на 100 до најмногу 200 производи, а не на 1000, како што инсистира Владата. Комората на трговците предлага намалување на маржите од 3% до 15% за различни производи.

На пример, за брашното, маслото , млекото и за шеќерот, да се пресметува маржа од 3%,. За лебот, тестенините, квасецот, солта, кафето, рускиот чај и за одделни видови сирење, урда, јајца, за некои видови зеленчук и овошје, како и за одделни пијалаци и средства за хигиена, маржата може да се ограничи на 10% до 15%.

Мерката би важела од 22 март до 22 април, со што би биле опфатени и празниците Рамазан и Велигден.

- Advertisement -
Ad image

Ова се клучните предлози на трговците за решавање на проблемот со високите цени на основните прехранбени производи. Дел од предлозите се однесуваат на ограничување на маржите, а дел на намалување на цените на основните прехранбени и непрехранбени производи, велат од владината прес-служба.

Оттаму додаваат дека на утрешната седница Владата ќе отвори дискусија за ова прашање. И од Министерството за економија и труд потврдија дека ги добиле истите предлози од трговците. Новооснованата Стопанска комора на трговците, пак, соопшти дека до Владата, до Министерството за економија и труд и до Државниот пазарен инспекторат ги доставило предлозите за обезбедување ефективни мерки за намалување на цените на групи производи, но не прецизира какви се тие предлози.

Членот на Комората Даница Блажевска од „Рептил маркети“ во петокот рече:

– Бараме да се намали големиот број на производи кои се опфатени во мерката и да се сведе на 100 до 200, тие кои се вистински потребни, бидејќи сега се опфатени над 1.000 производи. Тоа создава проблем во секојдневното работење. Тоа е многу напорно и не може да се постигне доволна контрола, бидејќи се случуваат злоупотреби со картончињата на кои се напишани цените. Цените се одлепуваат, паѓаат, понекогаш и намерно. Голем е ризикот да дојде инспекција и да ни заебележи дека некоја цена не е обележана – изјави пред три дена  Блажевска.

Претходно Владата најави дека ќе се замрзнат бруто-профитните маржи на трговците и на дистрибутерите на 10% до крајот на април. Тоа беше реакција по извештајот на Државниот инспекторат дека кај трговците на мало имало маржи повисоки и од  20%  на основните прехранбени производи и повеќе од 30% кај средствата за лична хигиена, додека кај увозниците и кај дистрибутерите се евидентирани повисоки маржи кои одат дури и до 50%.

Со Предлог-одлуката требаше да бидат опфатени основните прехранбени производи на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници, но и детергентите, бебешката храна и други непрехранбени производи кај кои е забележана многу висока маржа, а се дел од основните потреби на граѓаните.

Но, по реакција на трговците дека ќе се затворат повеќе синџири на маркети и ќе бидат отпуштени 4.500 работници, Владата одлучи да разговара со трговците и со дистрибутерите и да се подготват нови предлози. Утре ќе биде појасно во која насока ќе тргнат тие разговори.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation