More

    ТРГОВСКИОТ ДЕФИЦИТ НАДМИНА 2 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    spot_img

    Вкупната вредност на извозот на стоки во периодот јануари – јули 2024 година, изнесува 4, 939 милијарди долари и бележи пад од 7,9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7, 018 милијарди долари, што е за 0.6 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

    Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2024 година, изнесува 2, 079 милијарди долари.

    Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јули 2024, изнесува 70,4 %.

    Анализирано според дејности најголем пад на извозот има кај енергијата од 47,8%. Пад на извозот од 4,7%  има и во рударството и од 7,2% во прехранбената индустрија. Интересно е што во однос на истиот период лани имаме зголемување на извозот во земјоделството од 8,7% при раст на увозот во секторот од 7,8%.

    Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

    Во периодот јануари – јули 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img