More

    Тргнете се од опасноста, им порача Нетанјаху на Либанците

    spot_img

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги предупреди сите либански цивили „да се тргнат од опасноста“ по најсмртоносниот бараж врз Либан од војната меѓу Израел и Хезболах во 2006 година. „Имам порака до народот на Либан, војната на Израел не е со вас, таа со Хезболах“, рече тој во видео пораката откако израелската војска погоди над 1.100 цели на северот и југот на земјата, пишува ДејлиТелеграф.

    – Не дозволувајте Хезболах да го загрози Либан. Ве молиме, тргнете се од опасноста сега – рече тој, велејќи им на цивилите дека можат да се вратат во своите домови „штом ќе заврши нашата операција“.

    Во израелските воздушни напади загинаа 274 лица, меѓу кои 21 дете, а ранети се најмалку 1.000 ширум Либан, соопшти неговото Министерство за здравство. Либански безбедносни извори изјавија за Ројтерс дека Израел го нападнал Али Караки, командантот на јужниот фронт на групата, во напад врз главниот град Бејрут.

    Сè уште не е јасно дали Караки е убиен. Пентагон соопшти дека испраќаат дополнителни војници на Блискиот Исток како одговор на ескалацијата на насилството. САД веќе имаат околу 40.000 војници во регионот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img