„Трезор” и без застарувањето беше мртов предмет, што е сега ова глупирање?

Lorita
By Lorita 9 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Со измените на Кривичниот законик, во членот 353, со кој се гони злоупотребата на службената положба, не само што се намалија запретените казни, туку има поинаков и поконкретен опис на дејствијата кои се санкционираат.

Во неколку предмети во изминативе денови, Јавното обвинителство се потруди барем делумно да го почитува Законот и да го прекине кривичниот прогон таму каде што настапила застареност. Но, за разлика од јавнообвинителските одлуки во тие предмети, ЈО во предметот „Трезор” вчера реши да го заобиколи Законот и направи неколку „грешки во чекори”.

– Во диспозитивот на обвинителниот акт, вршам прецизирање согласно измените во Кривичниот законик, на начин што, наместо зборовите „ја искористиле службената положба и овластување” да стојат зборовите, “презеле службено дејствие со кое ги пречекориле границите на своите службени овластувања” – изјави обвинителот Трајче Пеливанов, ставајќи им сега на товар на обвинетите продолжено кривично дело.

 Акробациите на обвинителот Пеливанов

Првата акробација на обвинителот Трајче Пеливанов се состоеше во неговото слободно толкување на поимот допрецизирање. Според одбраната, во конкретниот случај не станува збор за некаква номотехничка корекција на обвинителниот акт, туку за суштинска измена. Со оглед на фактот дека „искористувањето на службената положба” веќе не постои во членот 353, односно истото како дејствие е декриминализирано, Јавното обвинителство сега одлучило да оди со сосема ново дејствие „пречекорување на службената положба”, кое е сосема различно дефинирано.

Значи, не само што не станува збор за допрецизирање, туку се нафрла ново дејствие, за кое не постои никаков доказ, односно дејствие за кое воопшто и не станало збор во процесот кој веќе еднаш се водеше. Јасно е дека доколку постоело какво било пречекорување, тогаш и тоа ќе било наведено во предметот, покрај наводното искористување на службената положба.

Втората акробација на Пеливанов е додавањето на членот 45, односно продолженото кривично дело, кое предвидува извршување на две или повеќе временски поврзани дејствија коишто претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос, исти прилики или други слични околности. Тука обвинителот намерно заборава дека во првиот дел од предметот станува збор за јавна набавка на опрема, додека во вториот станува збор за склучување договор за сервисирање на опремата која што е набавена. Двете постапки се различни, а преголема е и временската дистанца за да може дури и да се помисли дека станува збор за продолжено кривично дело.

Третата акробација на Пеливанов е одбивањето да се соочи со фактот дека самиот обид да се гони набавката на опремата е незаконски, со оглед на фактот дека истото е застарено уште во 2022 година, бидејќи наводното дело е сторено во 2012 година. Дури и да се работи за продолжено дело, застарувањето се однесува на секое дело засебно, па за истото не би можело да има процес.

 Одбраната со аргументи го растури планот на обвинителот

- Advertisement -
Ad image

Ваквите акрибации на ЈО, одбраната во предметот ги оцени како незаконски, тенденциозни, неетички и арбитрарни, барајќи кривичниот прогон да запре.

– Недозволеноста и незаконитоста на вака даденото прецизирање на обвинителниот акт е дополнително недозволено затоа што ова не е допрецизирање, туку комплетно нов обвинителен акт и вакво нешто не е дозволено, освен ако од доказите на главната расправа не произлезе дека дејствието е пречекорувањето на службените овластувања, а не неизвршувањето на службената должност – рече адвокатот Петар Василев.

Значи, обвинителот има право да го измени обвинението само под еден услов – доколку од доказните средства и факти коишто произлегуваат од нив, произлезе основ дека Сашо Мијалков го пречекорил своето службено овластување. Меѓутоа, обвинителот во кривичната постапка тргнал со обвинение дека Сашо Мијалков ја искористил својата службена положба и овластување, а дејствието на извршување на искористување на службена положба и овластување од став 1 од член 353 веќе како дејствие не претставува продолжено кривично дело. Со цел да го спаси обвинението, обвинителот сега на обвинетиот му става друго дејствие на извршување, а тоа е пречекорување на неговото службено овластување. Меѓутоа, ако се погледне самиот диспозитив на обвинението, во него точно се прецизира кои се законските овластувања на обвинетиот Сашо Мијалков. Меѓу другото, негова законска обврска, како директор на УБК, била да предложи набавка на нова опрема, доколку за тоа има потреба.

- Advertisement -
Ad image

 Што значи ова? 

– Тоа значи дека Сашо Мијалков не презел надлежност на некој друг орган за да ги пречекори границите на своето службено овластување. Ова е апсолутно незаконит основ по којшто јавниот обвинител врши измена на обвинението – изјави адвокатот Љупчо Шврговски, во врска со самиот чин на преквалификација.

Според Шврговски, преквалификувањето во продолжено кривично дело и игнорирањето на застареноста е тотално нелогично.

– Апсолутна застареност настанува после истекот на два пати повеќе време од она време за коешто е предвидена казната, а тоа е 10 години. Значи, апсолутна застареност настапила во 2022 година. Обвинителот повторно прави една правна еквилибристика којашто повторно е неодржлива. Зборува за продолжено кривично дело, без притоа да даде опис во што се состои продолженото кривично дело. И кај продолжено кривично дело апсолутната застареност тече од секое поединечно извршено дејствие. Така што и во овој случај има апсолутна застареност. Мене ова навистина не ми е јасно, станува збор за флагрантно кршење на Законот. Треба да се разјасни од кои причини јавниот обвинител не даде предлог до судот да биде запрена кривичната постапка поради апсолутна застареност, односно поради тоа што нема елемент на кривично дело за кое се гони по службена должност – смета Шврговски.

 Јовевски оди во пензија, а сака жешките костени да му ги вадат обвинителите и судот

Со одбивањето да се постапи законски и да се прекине натамошниот прогон, само се создаваат дополнителни трошоци во постапката со што се урива принципот на економичност, смета одбраната на обвинетите во „Трезор”.

Според информации со кои располагаме, дел од обвинителите кои ги застапуваат предметите не се согласувале со начинот на којшто продолжуваат некои од предметите, но првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, инсистирал на тоа. Без при тоа да покаже интерес за нивниот углед и начинот на којшто тие луѓе треба да ги продолжат кариерите.

„Трезор” и без измените во КЗ беше „мртов” предмет, откако беше вратен од страна на Апелација. Напатствијата на Апелација ги адресираа сите пропусти во првостепената постапка. Повисокиот суд се осврна и на меѓународната правна помош, според која Сашо Мијалков никогаш не бил во Велика Британија и не договарал зделка за набавка на опремата, како што се тврдеше во обвинението. Апелација се осврна и на изјавите на помошникот Ѓоко Попоски, кој рече дека не добил никаква ургенција од Мијалков. Но, тоа што е најважно, Апелација го адресираше и суштинскиот пропуст, а тоа е непостоењето на економско вештачење со кое би се утврдила висина на настанатата штета. Дури и студенти на право знаат дека не може да се гони за економски криминал и настаната штета без вештачење, а токму тоа беше сторено.

Поради тоа, уште на почетокот на повтореното судење, Обвинителството со задоцнување побара судска наредба за вештачење, но во оваа фаза судот нема основа да го валка својот углед за да ги покрива пропустите на обвинителството.

Сега, после новите акробации на ЈО и реакциите на одбраната, судот му остави  време на Обвинителството да се произнесе по однос на предлогот на одбраната за прекинување на постапката. Јавните обвинители до 24 ноември ќе имаат време да ги анализираат фактите и доказите во „Трезор” и да одлучат дали ќе постапат по закон и ќе го прекинат прогонот заради економичност на постапката, или ќе ги следат апсурдните насоки на Јовевски. За кого се знае дека е прашање на време е кога ќе замине во пензија.

Share This Article