More

    Трет Вилијамс, ѕвездата на мјузиклот „Коса“ на Милош Форман загина во сообраќајна несреќа во американската сојузна држава Вермонт

    spot_img

    Трет Вилијамс (71), ѕвездата на мјузиклот „Коса“ на Милош Форман и актер со повеќе од 120 улоги, загина во сообраќајна несреќа во американската сојузна држава Вермонт.

    Според полицискиот извештај, Вилијамс во понеделникот околу 17 часот свртел со својот мотор на патот кога бил удрен од автомобил и усмртен. Околностите на несреќата сѐ уште се истражуваат.

    – Уништен сум. Тој беше прекрасен човек и фантастичен актер. Режисерите го обожаваа. Беше срцето на Холивуд од 1970-тите. Годинава договоривме многу работи и тој со нетрпение очекуваше да работи – изјави за „Пипл“ неговиот агент Бери Мекфирсон.

    Вилијамс е роден во 1951 година во Конектикат. Тој се проби во Холивуд во 70-тите, а славата ја стекна со улогата во познатиот мјузикл на Форман „Коса“ во 1979 година, заедно со Џон Севиџ и Беверли Д’Анџело.

    Тој беше номиниран за Златен глобус за неговата улога во „Коса“.

    Во следните децении тој беше препознатливо лице во бројни филмови. Тој глумеше во „1941“ на Спилберг и во „Беше еднаш во Америка“ од Серџо Леоне, а во последната фаза од кариерата се фокусираше на телевизија, каде беше познат по улогата во серијата „Евервуд“ и настапувањето во божиќните филмови од продукцијата „Халмарк“.

    Вилијамс беше оженет и татко на две деца.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img