Трет ден по ред Московската берза останува затворена за тргување

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Трет ден по ред Московската берза останува затворена за тргување, соопшти денеска Руската централна банка. Истовремено е најавено дека сепак во текот на денот ќе бидат дозволени ограничени финансиски операции.
Русија се обидува да спречи финансиски колапс откако САД, ЕУ и други нивни сојузници воведоа санкции на поголем дел од нејзиниот банкарски систем, вклучително и замрзнување на стотици милијарди долари руски девизни резерви што Москва години наназад ги акумулира за заштита на сопствената економија.

Вредноста на рубљата падна, како и акциите на руските компании на светските берзи. Неколку западни компании веќе ја напуштија Русија, меѓу кои нафтените гиганти „Шел“, „Бритиш петролеум“ и „Ексон мобил“.

Share This Article