More

    Тренерот на ПСЖ: Повредата на Нејмар не е случајност

    spot_img

    Фудбалскиот тренер на францускиот шампион Париз СЖ, Кристоф Галтие ја обвини новата повреда на една од неговите ѕвезди Нејмар, кој го шина зглобот на неделниот првенствен натпревар против Лил, поради напорниот распоред.

    Нејмар се повреди на почетокот на вториот дел во судирот со дефанзивецот на Лил, Бенџамин Андре.

    Засега не е познато колку е сериозна повредата, а од клубот соопштија дека на Нејмар ќе му бидат извршени дополнителни прегледи во следните 48 часа.

    Нејмар го повреди истиот зглоб на Светското првенство во Катар на крајот на минатата година, а поради таа повреда не настапи на два натпревари за Бразил.

    „Ова не е несреќа. Секогаш има причини за повреди, а во овој случај тоа е распоредот, односно серија на натпревари“, изјави Галтие.

    Лошата среќа на Нејмар дојде во незгоден момент за ПСЖ, кој наскоро го очекува реванш осминафиналето на Лигата на шампионите против Баерн, а парискиот тим загуби со 0-1 во првиот натпревар минатата недела.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img