Тренерот на Ливерпул се однесуваше недолично на дербито со Сити

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Фудбалската федерација на Англија (ФА) го обвини тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, за недолично однесување за време на премиерлигашкото дерби против Манчестер сити, јавија британските медиуми.

Ливерпул во неделата пред своите гледачи со совлада Манчестер сити со 1-0, а германскиот стратег беше исклучен во финишот на натпреварот бидејќи го напушти тренерскиот простор за да протестира кај помошниот судија.

– Однесувањето на тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во текот на 86 минута беше недолично – се наведува во соопштението на ФА.

Клоп има рок од три денови да одговори на наводите, а потоа ФА ќе донесе одлука околу евентуалната казна за стратегот на Ливерпул.

Share This Article