More

    Тренерот на Челзи ја презема контролата над трансферите

    spot_img

    Новите сопственици на Челзи го гледаат тренерот како најважен адут на клубот и поради тоа Томас Тухел ќе ја преземе целосната контрола над трансферите.

    Според „The ​​Telegraph“, на тренерот му било ветено дека ќе може сам да управува со трансфер политиката на клубот, исто како што е во Манчестер сити и Ливерпул, каде Пеп Гвардиола и Јирген Клоп имаат големо влијание на трансферите.
    Во клубот од Лондон се уверени дека најдобриот начин да се принудат Манчестер сити и Ливерпул да се борат за титулата во Премиер лигата е да му се даде на Тухел истата моќ што ја имаат Гвардиола и Клоп. На неодамнешниот состанок, Тод Боели му сигнализираше на Тухел дека новите сопственици ќе дадат се од себе за да ги исполнат барањата на тренерот.

    Германецот се уште интензивно работи со директорката на Челзи, Марина Грановскаја и клупскиот советник Петр Чех, но сега мислењето на Тухел ќе биде главно во одлучувањето.

    Мислењето на Тухел ќе биде одлучувачко и за иднината на напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку, кој сака да се врати во Интер. За Белгиецот минатото лето „сините“ потрошија 97,5 милиони фунти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img