Тренерот на Ахмедхоџиќ е казнет поради коментар на судиските одлуки

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Soccer Football - FA Cup - Fourth Round - Sheffield United v Brighton & Hove Albion - Bramall Lane, Sheffield, Britain - January 27, 2024 Sheffield United manager Chris Wilder reacts Action Images via Reuters/Craig Brough

Менаџерот на Шефилд Јунајтед, Крис Вајлдер е казнет со 11.500 фунти поради коментар за судењето по поразот во Премиер лигата од Кристал Палас.

Фудбалската асоцијација (ФА) го казни Вајлдер откако, меѓу другото, судењето на судијата Тони Харингтон го нарече „смешно“, пренесе Би-Би-Си.

Од англиската федерација изјавија дека селекторот е казнет поради недолично однесување. Освен што го критикуваше судијата, Вајлдер обвини и еден од помошните судии за непочитување, откако изел сендвич додека разговарале по натпреварот.

Шефилд Јунајтед загуби со 2-3 од Кристал Палас во јануари, и покрај тоа што двапати водеше, а Вајлдер по натпреварот изјави:

„Уште една смешна изведба на судијата. Еден прволигашки судија, кого го познавам долго време и кој е искрен, ми рече дека секоја одлука што може да оди во двата правци 50-50, ќе биде против. Имавме два жолти картони во првото полувреме кои воопшто не беа картони. Нема да дозволам да помине незабележано и да не кажам ништо. Бев со судијата и му го кажав тоа“, изјави тогаш Вајлдер.

Share This Article