Министерството за труд и социјална политика е транспарентно министерство со вклученост на сите граѓански организации. Немаме закон каде не е вклучен граѓанскиот сектор. 30 години работам на женски права, од кои 21 година во министерството. Не можам да се сложам со повикот на денешниот марш дали жените ќе преживеат. Не смееме да генерализираме. Не сите жени се соочуваат со проблем или со ист проблем. Не станува збор за колективна негрижа кон жените денес и тоа е претежок израз, но не можеме ни да бидеме задоволни, туку можеме да направиме повеќе,“ посочи министерката Тренчевска во денешното гостување во Студио 10, на ТВ 24.
„Заеднички да работиме на подобрување на состојбите, негде сме одлични во резултатите, а негде треба да се подобриме. Измените во Кривичниот законик се донесоа. Истанбулската конвенција чекаше долго за ратификација. Да беше 2012 година ратификувана, многу повеќе ќе се направеше,“ рече Тренчевска.
Со новите измени во Кривичниот Законик се внесоа нови институти како демнење, фемицид, родово базирано насилство.
Таа посочи дека, со самата ратификаци на конвенцијата тие стануваат дел од нашиот правен поредок и судиите можат директно да ги земат во предвид и имплементираат конвенциите.
Тренчевска посочи дека, по устав како највисок правен акт имаме родова еднаквост, но голем закони не го имаат вклучено родовиот концепт.
„Имплементацијата е предизвик. За прв пат жените земјоделки добиваат надомест за мајчинство. Да можат како и сите жени, мајки 9 месеци бидат посвететни на своето дете. Програмата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, дава социјална сигурност, но продолжуваме да работиме на системско решение , како да ги вклучиме во закон. Овозможуваме поквалитетен живот и зголемување на наталитетеот, кои се позитивните аспекти на ова решение,“ рече Тренчевска.
Исто така, Тренчевска потсети н и на предлог законот за работни односи , со кој се воведуваат мајчинството и татковството , покрај родителството, и целта двајцата родители да бидат вклучени во развојот на детето. Тоа е вкупно 13 месеци платено отсуство.