More

    Тренчевска: Во нашата држава сите граѓани се еднакви, независно од нивната етничка, верска, полова или каква било друга припадност

    spot_img

    Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се обрати на деветтата Меѓународна Конференција посветена на жената Ромка и Жените патувачи во организација на Советот на Европа и Владата на Република Македонија. Тренчевска на настанот зборуваше за заложбите на Владата за почитување на правата на сите граѓани во државата без разлика на нивната етничка, верска, полова или било каква друга припадност.

    „Како држава работиме на имплементација на целите поставени во Пекиншката декларација за вклучување на родовата перспектива во државните политики и нашата Стратегија за родова еднаквост е изработена на темелите на Стратегијата за родова еднаквост на Советот на Европа за периодот 2018-2024 година. Политиките на нашата Влада се фокусираат на превенција и борба против родови стереотипи и сексизам, превенција и борба против родово базирано насилство, еднаков пристап до правда за жените, балансирано учество на жените и мажите во донесување одлуки, заштита на правата на жените и девојките баратели на азил, мигранти и бегалци и интеграција на родовите политики, особено родово одговорно буџетирање во институциите на централно и локално ниво“ рече Тренчевска.

    Таа го истакна ратификувањето на Истанбулската конвенција и посочи дека овој документ дава широка рамка на делување за превенција, заштита, но и поддршка за жртвите на насилство. Министерката рече дека тоа се содржи и во Законот за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство.

    „Наша обврска е да создадеме општество во кое граѓаните, независно на која етничка заедница и припаѓаат ќе се чувствуваат сигурно и ќе имаат еднакви можности и пристап до ресурси за личен развој и напредок. Општество кое интегрира, а не сегрегира, општество кое обединува, а не прави делби, односно општество кое вклучува, а не исклучува. Приоритетите на жената Ромка се дел од напорите на Република Северна Македонија за промоција и поддршка на родово чувствителниот приод во процесот на донесување одлуки на сите нивоа, како и во зајакнувањето на општествената и политичката застапеност на жените во сите сфери на општеството“ изјави Тренчевска.

    Министерката рече дека особен фокус во унапредувањето на статусот на жената Ромка е ставен во Стратегијата и националните акциони планови за Ромите во Северна Македонија, како и посебниот Акциски План за жената Ромка.

    На крај Тренчевска посака успешна конференција и посочи дека успешната соработка со Советот на Европа и Министерството за труд и социјална политика продолжува и понатаму.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img