Тренчевска: Преку соработка со граѓанскиот сектор до соодветни социјални услуги за граѓаните

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го посети долгогодишнте партнери на министертвото во борбата против трговијата со луѓе Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена Порта“ Скопје. За време на посетата на здружението министерката се сретна со жртви на трговија со луѓе кои што се згрижени во Центарот за жртви на трговија со луѓе.

„Со склучување на управeн договор за социјална услуга овозможуваме функционирање на Центарот за жртви на трговија со луѓе во кој услугата ја добиваат жртвите на трговија со луѓе во согласност со меѓународните стандарди за заштита. За нас како Министерство на прво место е заштита на човековите права на жртвите и справување со трговијата со луѓе особено со трговијата со деца и заштита на нивниот најдобриот интерес. Процесот на заштита е долготраен и мултисекторски во кои се посветува посебно внимание на безбедно сместување, здравствена заштита, правна помош, социјална заштита, образование и економска поддршка. Наша крајната цел е да им се помогне на жртвите да се најде трајно решение кое ќе ги адресира сите нивни потреби за заштита и ќе се подготват за интеграција во заедницата.“ истакна Тренчевска во непосреден разговор со претставниците на здружението.

Помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена Порта“ на почетокот на оваа година е потпишан управен договор за давање на услугата привремен престој во Центар за привремен престој за жртви на трговија со луѓе.

Share This Article