Откако Дени Мастерсон, Хајд од серијата „Луди седумдесети“, беше осуден на 30 години до доживотен затвор за две точки од обвинението за силување, а славната брачно-актерска двојка Мила Кунис и Ештон Качер беа меѓу познатите кои испратија писма со поддршка за да му се намали казната, многу работи од минатото на Ештон повторно станаа главна тема на разочараните обожаватели.
Актерката Криси Карнел Бикслер, третата наводна жртва за која не било докажано на суд дека била силувана од Дени, на Инстаграм го спомнала Ештон и неговите тајни од февруари 2001 година.
„Драг Ештон, ги знам тајните за тебе кои ги чува твојот „пример“. Оние кои би те докрајчиле. Дали заборави дека бев таму? Беше на „спикер“ онаа вечер кога му се јави на Дени, 21 февруари 2001 година. Слушнав сè. Го слушнав планот. Мислам дека си подеднакво болен како и твојот „ментор“, напишала Бикслер.
Нејзината објава предизвикала многу реакции на социјалните мрежи, па поради тоа сега многумина повторно зборуваат за убиството кое се случило на 21 февруари 2001 година.
Тогаш, 23-годишниот Ештон требал да оди на состанок со Ешли Елерин, 21-годишна студентка. Ештон пред судот раскажал како требало да се сретне со Ешли, но „изгубил чувство за времето“ и се појавил во нејзиниот дом 2 часа подоцна, откако веќе таа била убиена.
Ештон открил дека ја запознал Ешли порано истиот месец на една забава, но во тоа време сè уште бил во врска со друга девојка. Кога се разделиле, Ештон се јавил на Ешли и ја повикал да излезат. Пред состанокот, застанал кај пријателка за да ги гледаат Греми наградите и, како што вели, изгубил чувство за времето.
Кога се обидел да ѝ се јави на Ешли, никој не одговорил. Откако направил неколку повици, отишол во нејзината куќа, каде го видел нејзиниот автомобил паркиран надвор со запалени светла.
„Тропнав на вратата но немаше одговор. Погледнав низ прозорецот и видов дека има неред во куќата, но тоа не ми значеше ништо бидејќи знаев дека таа неодамна се вселила. Видов нешто на подот за што во тој момент помислив дека е истурено црвено вино. Неодамна имаше забава за вселување со многу студенти, па не видов причина за паника. Не видов никого, па си заминав. Заклучив дека едноставно предоцна се појавив и таа беше излезена со пријателите“, рекол тој на судот во 2019 година.
Следното утро, ден откако требало да оди на состанок со Ешли, дознал дека таа била брутално убиена и се загрижил дека отпечатоците би можеле да го инкриминираат. „Моите отпечатоци беа на нејзината врата. Ме фати паника“, признал тој пред судот.
Ешли била пронајдена од цимерката и имала 47 убоди по вратот, прстите, стомакот и грбот. Мајкл Гарџиуло, сериски убиец познат како „Hollywood Ripper“ (Холивудскиот Мевосек).
Како што е докажано на суд, тој ја убил Ешли во нејзиниот дом во Холивуд додека таа се подготвувала да излезе со Качер.
Мајкл бил прогласен за виновен и за убиството на 32-годишната Марија Бруно во 2005 година и за обидот на убиство на Мишел Марфи, која успеала да му побегне во 2008 година.
Со оглед на тоа што Брикслер го спомнала повикот на Ештон до Дени ноќта кога Ешли била убиена, многумина сега се прашуваат што крие актерот за случајот, особено што Бикслер го нарекла „болен“, како и дека ги знае неговите тајни кои можат да го уништат.