Транссексуалците можат да бидат кумови за крштевање и свадба и можат самите да се крстат

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Транссексуалците можат да бидат кумови за крштевање и свадба и можат самите да се крстат, соопшти денеска Ватикан, одговарајќи на прашања на еден бискуп.

Дикастеријата за доктрината на верата не даде јасен одговор на прашањето дали истополовите двојки можат да крстат посвоено дете или дете родено од сурогат мајка.

Бискупот Хозе Негри од Санто Амаро, Бразил, во јули испрати шест прашања до ова тело на Ватикан за ЛГБТ заедницата и нивното учество во тајните на крштевањето и бракот.

Трите страници прашања и одговори беа потпишани од шефот на Дикастеријата, аргентинскиот кардинал Виктор Мануел Фернандез, а на 31 октомври ги одобри и папата Франциск. Тие денеска беа објавени на порталот на Дикастеријата на италијански јазик.

Одговарајќи на прашањето дали транссексуалците би можеле да се крстат, од Дикастеријата одговориле дека можат под одредени услови и доколку нема ризик од јавен скандал или збунување на верниците. Дикастеријата, исто така, одговори дека транссексуалците можат да бидат кумови со дискреција на локалниот свештеник, како и венчаните кумови, но локалниот свештеник треба да биде пасторално мудар кога ја донесува одлуката.

Личност во истополова врска може да биде кум на венчавката, одговориле од дикастеријата, повикувајќи се на канонскиот закон што не го забранува тоа. Одговорот е помалку јасен кога станува збор за лицата во истополови врски и нивната улога во крштевките.

Бразилскиот бискуп прашал и дали истополовата двојка која посвоила дете или го добила со помош на сурогат мајка може да го крсти тоа дете. Дикастеријата одговорила дека во тој случај мора да постои основана надеж дека детето ќе се образува во католичка вера.

Подеднакво нејасен е и одговорот на прашањето дали личноста во истополова врска може да биде кум, бидејќи дадениот одговор на Дикестеријата е дека човекот мора да води живот во согласност со верата.

Share This Article