More

    Трансродова манекенка стана Мис на Холандија

    spot_img

    22-годишната Рики Валери Коле е новата Мис на Холандија и ќе ја претставува својата земја на 72-от избор за Мис Универзум во Ел Салвадор.

    Со победата на годинешниот избор, Рики стана првата трансродова жена со титулата Мис на Холандија. Нејзина прва придружничка е Натали Могбелзада, а втора придружничка Хабиб Мостафа.

     

    Рики Валери ќе биде втората трансродова личност која ќе учествува на изборот за Мис на Универзум, пред неа таа можност ја имаше Анџела Понсе од Шпанија во 2018 година.

    -Го направив тоа! Тоа е нереално, но станав Мис на Холандија. Тоа беше едукативен и убав процес, толку сум горда и среќна што не можам да опишам. Ја направив мојата заедница горда и покажав дека тоа може да се направи. И да, јас сум транс жена и би сакала да ја споделам мојата приказна, но јас сум и Рики и тоа е она што ми е важно, напиша манекенката на Инстаграм.

    Инаку, Рики беше еден од финалистите на Holland’s Next Top Model во 2018 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img