Трамп зборуваше за изборите, но и вонземјаните во тричасовниот разговор со Роган

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во долгоочекуваното интервју, поранешниот американски претседател и овогодинешниот републикански кандидат Доналд Трамп допре до широк спектар на културни и политички прашања во тричасовен разговор со Џо Роган, водител на еден од најпопуларните подкасти во светот.

Подкастот, кој траеше толку долго што Трамп на крајот задоцни на својот митинг во Траверс Сити, Мичиген, беше уште еден пример за стратегијата на Трамп да се сврти кон нетрадиционалните медиуми пред изборите. Роган, кој има повеќе од 17 милиони претплатници на „YouTube“, е платформа со голем досег што му овозможува на Трамп да допре до одредена публика и да ги изрази своите ставови без да се воздржува.

Разговорот го одбележаа различни теми кои Трамп ги покренува во своите кампањи, но и нови контроверзни коментари.

Поранешниот претседател рече дека војната во Украина „никогаш немаше да започне“ доколку тој беше претседател, ги критикуваше медиумите за наводно фаворизирање на потпретседателката Камала Харис за време на кампањата и постојано истакнуваше дека демократите се „поопасни од странските непријатели“. Тој, исто така, се осврна на неговото тврдење за „украдени“ избори во 2020 година, велејќи дека промените во изборните закони, кои беа спроведени поради пандемијата, беа нелегитимни без законодавно одобрение.

Роган го праша за „украдените“ избори

Тврдењата на Трамп за изборите во 2020 година привлекоа големо внимание за време на интервјуто, а Роган побара од него конкретни примери за тоа како тој верува дека изборите биле „украдени“.

Одговорот на Трамп остана нејасен и заснован на тврдењето дека промените се спроведени без потребното законодавно одобрение, наведувајќи ги олеснетите услови за гласање за време на пандемијата, што тој го нарече „незаконски“.

Интервјуто беше и можност за Трамп да го изнесе својот став за евентуалниот втор мандат, авелејќи дека ако победи, тоа ќе бидат „последните избори“ на кои ќе се кандидира, но тој беше нејасен околу тоа дали повторно ќе се кандидира ако загуби.

– Ако победам, тоа ќе бидат мои последни избори – рече Трамп, нагласувајќи ја потребата од „фер избори“ како клучна порака.

- Advertisement -
Ad image

Вонземјани и конфедерални генерали

Роган му поставуваше прашања на Трамп за вонземјаните. Трамп коментираше дека „нема причина Марс и другите планети да немаат форми на живот“. Роган веднаш го коригираше, наведувајќи дека на Марс нема знаци на живот, на што Трамп одговорил дека „можно е да има живот што ние не го препознаваме“.

Роган, исто така, го водеше разговорот кон историските личности, особено Роберт Е. Ли, конфедеративен генерал за време на американската граѓанска војна. Трамп, како и досега, Ли го нарече „гениј“, на што Роган се бранеше дека станува збор за „стратешката вредност на генералот“, со што Трамп се согласи. Роган подоцна истакна дека коментарите на Трамп за Ли може да се протолкуваат од јавноста како поддршка за Конфедерацијата.

- Advertisement -
Ad image

Џо Роган исто така ја покани Камала Харис да направи интервју со неа, но нејзиниот изборен штаб одби.

Share This Article