„Ќе го седнам (рускиот претседател Владимир Путин) во соба, би го земам(украинскиот претседател Владимир) Зеленски во друга соба, потоа би ги собрал заедно и би постигнал договор. Ќе беше полесно да не започне војната, и што е најважно да живеат стотици илјади луѓе. Но, можам да го направам тоа и можам брзо да го завршам“.
Вака изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп за Ен-Би-Си во врска со војната во Украина која тој вели дека може да ја сопре за 24 часа. Во интервјуто од неделата Трамп тврдеше и дека Украина можела да преговара и пред војната и дека конфликт немало да се случи, а дека Украина ќе загубела помалку територија од она што во моментот е под руска окупација.
Загубата на украинска територија за Русија е „нешто за што можеше да се преговара“, рече Трамп на водителката на Ен-Би-Си Кристен Велкер, додавајќи дека „многу луѓе очекуваа“ Киев да се откаже од своите претензии кон „Крим и другите делови на земјата“ во замена за мир.
– Значи, тие можеа да склучат договор каде што има помалку територија (изгубена) отколку што Русија веќе има заземено – продолжи Трамп.
– Можеа да склучат договор каде никој немаше да биде убиен… ќе имаа украинска земја. Сега никој не знае дали Украина ќе биде целосно окупирана.
Во однос на обвинението дека постоел заговор да бидат оспорени резултатите од претседателските избори во 2020 година кога изгуби од Џо Бајден, Трамп вели дека „тоа беше моја одлука, но послушав некои луѓе“.
Во едно од обвиненијата кои се во постапка во САД се вели дека Трамп знаел дека неговите тврдења за изборите се лажни откако бил совеуван од многу непосредни советници дека тој изгубил, но сепак ги ширел тврдењата за да изгледа дека се легитимни, а сето во служба на наводен злосторнички заговор против него.
Трамп сепак, во сите во сите случаи што се водат против него се изјасни за невин и дека не направил ништо незаконски.
– Слушнав (совети) од различни луѓе и заклучокот беше дека изборите се наместени. Знаете кого слушав. Себеси. Видов што се случи – рече тој, бранејќи го неговиот познат став дека изборите биле наводно лажни.