Трамп му честиташе на рускиот претседател Путин големата размена на затвореници меѓу Русија, Белорусија и неколку западни земји

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа му честиташе на рускиот претседател Владимир Путин за големата размена на затвореници меѓу Русија, Белорусија и неколку западни земји.

-Би сакал да му честитам на Владимир Путин што направи уште една голема работа, рече републиканскиот претседателски кандидат во рамки на неговата кампања во Атланта, во американската сојузна држава Џорџија.

Ослободија некои од најголемите убијци во светот. Вратија некои од најзлите убијци. Ги вративме нашите луѓе, но човече, направивме некои страшни, страшни зделки. И убаво е да се каже дека ги вративме, но дали со тоа се направи лош преседан, праша Трамп.

Во размената на затвореници меѓу Русија и Западот, ослободен е новинарот Гершкович, но и наемниот убиец Красиков.

Во размената на затвореници без преседан, Русија и Белорусија ослободија 16 лица кои беа затворени, меѓу другото, поради нивните новинарска работа и активизам.

За возврат, 10 лица и беа предадени на Москва од затворите во различни западни земји.

Неколку земји беа вклучени во размената, при што двајца американски граѓани од висок профил – новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, и поранешниот американски маринец Пол Вилан – се вратија дома.

Како дел од зделката, ослободен е и Русинот Вадим Красиков, кој во Германија беше осуден на доживотен затвор за убиство на Грузиец со чеченско потекло во 2021 година во срцето на Берлин.

Договорот го постигна владата на американскиот претседател Џо Бајден, со помош на Германија и други сојузници.

- Advertisement -
Ad image

Трамп укажа на сопствениот рекорд за враќање на американски државјани кои се држеле во затвори во странство за време на неговото претседателствување, истакнувајќи „никогаш ништо не платив“.

Републиканскиот претседателски кандидат веќе го нападна големиот договор со Русија непосредно по објавувањето на веста во четвртокот, и без никакви докази имплицираше дека за неговото постигнување се платени пари.

Share This Article