Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, синоќа изјави дека очекува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да се реши конфликтот во Украина.
– Путин рече дека сака да се сретне со мене што е можно поскоро. Така што тоа го очекуваме. Мораме да ставиме крај на оваа војна – рече Трамп, говорејќи на конференција во американската сојузна држава Аризона.
Трамп го нарече конфликтот во Украина „страшен“ и повтори дека конфликтот немаше да се случи доколку тој бил претседател на САД наместо Џозеф Бајден.