Трамп одби нова дебата со Харис

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Republican presidential nominee and former U.S. President Donald Trump addresses supporters at a campaign rally in Wilmington, North Carolina, U.S., September 21, 2024. REUTERS/Brian Snyder

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претседателските избори во САД, Доналд Трамп изјави дека нема да одржи уште една предизборна дебата со американската потпретседателка и кандидатка на демократите Камала Харис.Трамп ја даде изјавата во средата, неколку часа откако Фокс њуз ги покани двајцата кандидати на претседателските избори на 5 ноември да учествуваат во евентуалната втора дебата на 24 или 27 октомври, пренесува Ројтерс.

Во пораката на социјалната мрежа Трамп изјави дека „сега е многу доцна за дебата“ и дека „нема што да се разговара“.

Тој и Харис првпат дебатираа на 10 септември.

Трамп претходно ја одби поканата на CNN за дебатата на 23 октомври, што Харис ја прифати.

„Камала вчера јасно стави до знаење дека нема да направи ништо поинаку од Бајден, така што немаме за што да разговараме“, додаде Трамп.

Share This Article