Трамп: Нема да има реванш, нема простор за дебата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Republican presidential nominee former President Donald Trump gestures at a campaign rally at Santander Arena, Wednesday, Oct. 9, 2024, in Reading, Pa. (AP Photo/Matt Slocum)

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на ноемвриските избори, Доналд Трамп изјави дека нема да учествува на друга дебата со демократската потпретседателка и кандидатка Камала Харис. Нема да има реванш!

Тој додаде дека Камала Харис „јасно стави до знаење дека нема да направи ништо поинаку од (актуелниот претседател) Џо Бајден), така што нема простор за дебата“.

Трамп и Харис првпат се соочија во телевизиска дебата на 10 септември.

Во дебата на крајот на јуни, Доналд Трамп се соочи и со тогашниот претседателски кандидат на Демократите, сегашниот претседател Бајден.

Фокс њуз ги покани претседателските кандидати на можна втора дебата на 24 или 27 октомври.

Трамп ја одби претходната покана на CNN за дебатата, која Харис ја прифати.

Share This Article