Доналд Трамп во интервју емитувано денеска ја отфрли можноста да се кандидира на претседателските избори во САД во 2028 година во случај на пораз на изборите во ноември.
– Не, не се гледам себеси во тоа, не се гледам себеси. Мислам дека ова ќе биде тоа – рече 78-годишниот републикански кандидат во емисијата „Full Measure“.
Сепак, поранешниот претседател изјави дека верува во успех на 5 ноември кога ќе му се спротивстави демократката Камала Харис.
Откако претседателот Џо Бајден се повлече од претседателската трка, исходот од претседателските избори е понеопределен од кога било.
Доналд Трамп, кој никогаш не го призна поразот од Џо Бајден во 2020 година, неколкупати во последните месеци одби да се обврзе безусловно да ги признае резултатите од ноемвриските избори.