More

    Трамп ја номинираше Брук Ролинс за министер за земјоделство

    spot_img

    Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Брук Ролинс за министер за земјоделство. Таа е основач и претседател на „Америка фрст полиси инститјут“ (America First Policy Institute) – аналитички центар кој тесно соработуваше со предизборната кампања на Трамп и во текот на изминатите четири години помогна во обликувањето на политиките на неговата идна администрација.

    За време на првиот претседателски мандат на Трамп, Ролинс беше на чело на Советот за внатрешна политика.

    – Како нов министер за земјоделство, Брук ќе ги насочи своите напори кон заштита на американските фармери, кои се вистинската база на нашата земја. Брук е целосно посветена на тоа да го поддржи американското земјоделство, да ја заштити прехранбената независност на Америка и да ги обнови малите градови кои зависат од земјоделството – изјави Трамп.

    Ако нејзината номинација биде одобрена од Сенатот, Ролинс ќе раководи со институција со околу 100.000 вработени и со канцеларии во секој округ на земјата. Нејзините одговорности вклучуваат програми за развој на фармерството, исхраната и на шумарството; кредитирање на домаќинствата и на фармите; подобрување на безбедноста на храната; развој на руралните подрачја; земјоделски истражувања; трговија и многу други области.

    Буџетот на Министерството за земјоделство во 2024 година изнесуваше 437,2 милијарди долари. Како министер, Ролинс исто така ќе ја советува администрацијата за прашања кои се поврзани со воведување даночни поволности за биогорива.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img