More

    Трамп и Зеленски имаат телефонски разговор закажан за денеска

    spot_img

    Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски имаат телефонски разговор закажан за денеска, изјавија два добро информирани извори за Си-Ен-Ен.

    Тоа ќе биде нивни прв разговор откако Трамп ја напушти Белата куќа и доаѓа во време на загриженост во Европа за тоа каква ќе биде политиката на Трамп за војната во Украина доколку победи на претседателските избори во ноември, наведува американската телевизиска мрежа.

    Изворите наведуваат дека веќе подолго време се водат дискусии за погоден термин за телефонски разговор меѓу Трамп и Зеленски.

     

    Зеленски во четвртокот во ексклузивното интервју за Би-Би-Си рече дека ќе биде тешко да се соработува со Трамп доколку тој биде реизбран за претседател на САД, но истакна дека е подготвен да соработува со кој и да стане претседател на САД.

    Во врска со изјавата на кандидатот на Трамп за потпретседател Џеј-Ди Венс дека „не му е грижа што ќе се случи со Украина“, Зеленски рече дека можеби на Венс не му е грижа за Украина, но дека Киев мора да продолжи да соработува со Вашингтон.

    Трамп повеќепати изјави дека може да ја реши украинската војна за еден ден, потсетува Си-Ен-Ен.

    Во минатомесечната дебата на со американскиот претседател Џозеф Бајден, Трамп рече дека условите на рускиот претседател Владимир Путин за мировен договор со кои се бара од Украина да отстапи четири територии анектирани од Русија се „неприфатливи“.

    Минатата недела за време на престојот во САД, Зеленски рече дека Бајден и Трамп се „многу различни“, но дека и двајцата ја поддржуваат демократијата.

    -Мислам дека Путин ќе ги мрази и двајцата – рече Зеленски.

    Трамп минатата недела се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан, втор пат за помалку од шест месеци, откако Орбан ги посети Киев, Москва и Пекинг.

    Орбан им порача на европските лидери по состанокот дека Трамп е „подготвен да дејствува како посредник за постигнување мировен договор“ меѓу Русија и Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img