Доналд Трамп откри план за распоредување на антиракетен штит во Соединетите Американски Држави, по примерот на Израел.
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторник во Белата куќа откри план за распоредување нов штит за противракетна одбрана во Соединетите Држави. Проектот, кој Трамп го вети за време на изборната кампања, ќе го води генералот на вселенските сили Мајкл Гетлајн, а според Трамп, и Канада сака да учествува во него.
Износот што го даде Трамп ја претставува долната граница на проценетите трошоци. Канцеларијата за буџет на Конгресот пресмета дека таков систем би чинел помеѓу 161 и 542 милијарди долари во текот на 20 години.
„За време на кампањата, им ветив на американскиот народ дека ќе изградам најсовремен систем за ракетна одбрана. Денес, со задоволство објавувам дека официјално ја избравме архитектурата за овој најсовремен систем, кој ќе биде способен да пресретнува ракети од други делови на светот, па дури и од вселената. Ова е многу важно за опстанокот на нашата земја“, рече Трамп во разговор со новинарите.
САД работат на изградба на таков ракетен штит со децении и веќе потрошија стотици милијарди долари на него.
Трамп предупредува на наводно зголемена закана од напади, бидејќи американските ривали развиваат свои сопствени капацитети за лансирање ракети.
Трамп пронашол инспирација за името на златната купола во Израел, кој има еден од најнапредните системи за воздушна одбрана. Израел исто така е постојано цел на напади
Израелската Железна купола обезбедува заштита само од ракети со краток дострел, но терминот погрешно се користи за да се означи целиот систем за воздушна одбрана на Израел.
За соборување на ракети со среден и долг дострел, тие се потпираат на системот „Давидова прачка“ и системот „Ароу“, кои, како и „Железна купола“, се подобруваат со помош на САД.