More

    Трамп го даде своето прво интервју откако преживеа обид за убиство на предизборен митинг одржан минатиот викенд во Пенсилванија

    spot_img

    Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го даде своето прво интервју откако преживеа обид за убиство на предизборен митинг одржан минатиот викенд во Пенсилванија, но и во која насока ќе оди неговата политичка кариера во иднина.

    Трамп за Вашингтон Егзаминер изјави дека и порај инцидентот во кој беше полесно повреден, ја продолува претседателската кампања, но дека целосно го променил текстот на говорот што ќе го одржи на Републиканската национална конвенција, која почнува денеска во Милвоки.

    Трамп изјави дека во таа нова верзија на говорот, во кој ја прифаќа партиската номинација за Белата куќа, ќе ги повика поддржувачите да вложат нови напори за постигнување национално единство.

    Тој рече дека сака да го искористи овој историски момент за обединување на државата.

    – Говорот што планирав да го одржам во четврток (на Републиканската национална конвенција) требаше да биде пријатен. Да не се случеше ова (атентат), тоа ќе беше еден од моите најневеројатни говори – рече Трамп.
    Тој објасни дека оригиналната верзија на говорот главно била насочена против политиката на демократскиот претседател Џо Бајден.

    – Искрено, сега ќе биде сосема поинаков говор – рече Трамп.

    Поранешниот американски претседател, кандидат за нов мандат во Белата куќа, појасни дека го сменил текстот од верзија која требало да донесе поттик на неговото гласачко тело во верзија која го одразува неговото верување дека нападот што го преживеал на митинг во Пенсилванија целосно ја променил изборната кампања.

    Вашингтон Егзаминер наведува дека ова е заедничката оценка и на републиканците и на демократите по шокантниот инцидент во саботата.

    Трамп во интервјуто изјави дека по атентатот го повикале луѓе од различни сфери на животот и различни политички позиции од цела Америка. Претседателскиот кадидат отки и што му го спасило животот во критичниот момент. Трамп вели дека бил спасен од смртта вртејќи ѝ грб на толпата поддржувачи на митингот за да ги види податоците што ги користел за време на говорот на големиот екран.

    – Дури сега сè се среди. Ретко и вртам грб на толпата. Да не го направев тоа во тој момент, па, немаше ни да разговараме денес, нели? – рече Трамп.

    Поранешниот американски претседател најави и дека неговиот говор во Милвоки ќе одговори што сега бара историјата.

    – Тоа е шанса за обединување на државата. Ми беше дадена таа шанса – изјави Трамп.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img