Трамп е исклучен од претседателската трка во Колорадо

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: Donald Trump departs Trump Tower two days after FBI agents raided his Mar-a-Lago Palm Beach home, in New York City, New york, U.S., August 10, 2022. REUTERS/David 'Dee' Delgado//File Photo

Врховниот суд на Колорадо донесе одлука со која забрани претседателскиот кандидат Доналд Трамп да се најде на гласачкото ливче за избор на претседател во таа држава бидејќи на 6 јануари 2021 година тој извршил востанички активности.

Противниците на Трамп одлуката ја окарактеризираа како историска и укажаа дека ова може да спречи тој да учествува на изборите, и да победи, за што води кампања повеќе од една година.

Од изборниот штаб на поранешниот претседател одлуката ја нарекоа недемократска и веднаш ја дадоа на апелација на Врховниот суд на САД.

Одлуката е заснована на статија од Уставот внесена во 1868 година која спречува избрани државни офицери кои кренале востание против САД да дојдат на власт.

Други судови низ САД се подготвуваат да донесат слични одлуки. Ако слични заклучоци се донесат во другите држави, Трамп ќе има огромни тешкотии, а можеби и ненадминливи, да осигура републиканска номинација и да победи на изборите во ноември 2024 година, пишува Вашингтон пост.

– Мнозинство од судот смета дека претседателот Трамп е дискфалификуван да држи функција Претседател според Делот три од Четиринаесеттиот Амандман на Уставот на Соединетите Американски Држави. Затоа што тој е дискфалификуван, би било погрешен чин да се најде на списокот кандидати на претседателско првично гласачко ливче, се вели во одлуката.

Врховниот суд на САД решава и по друга апелација на Трамп според која тој бара имунитет во еден од неговите случаи на злосторство – обвинението подигнато во Вашингтон од специјалниот обвинител Џек Смит, а поради незаконски обид да ја спречи победата на претседателот Џо Бајден на изборите во 2020 година. Трамп негира дека направил какво и да било злосторство.

Врховниот суд на САД е повисока инстанца која ќе решава дали одлуката на Врховниот суд на Колорадо е законска.

Share This Article