Претставници на починатата ирска пејачка Шинејд О’Конор денеска од Доналд Трамп побараа да не ја пушта нејзината музика на предизборните митинзи, велејќи дека починатата пејачка го сметала поранешниот претседател за „библиски ѓавол“, објави Гардијан.
„Таа би била „згрозена и навредена“ доколку знае дека нејзината популарна песна се користи на политичките собири на Доналд Трамп“, се наведува во соопштението.
Трамп го пушта најголемиот хит на О’Конор, „Nothing Compares 2 U“, на настани додека тој се бори за републиканската претседателска номинација.
Шинејд О’Конор почина лани во јули на 56-годишна возраст.