More

    Трагите од крв пронајдени во службеното возило на „Водовод“ од Бор припаѓаат на еден од двајцата осомничени за убиството на Данка Илиќ (2)

    spot_img

    Трагите од крв пронајдени во службеното возило на „Водовод“ од Бор припаѓаат на еден од двајцата осомничени за убиството на Данка Илиќ (2), потврди адвокатот Милинко Јовановиќ, бранителот на обвинетиот Радослав Драгијевиќ (73).

    Драгијевиќ е осомничен дека му помогнал на синот Дејан Драгијевиќ (50) од село Злот да го сокрие телото на девојчето по убиството, а покрај Дејан, осомничен за убиството на малата Данка, е и Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука.

    По проверка на дури 17 автомобили кои на кобниот 26 март влегле во Бањско поле, детално е прегледано службеното возило на работниците од „Водовод“ во кое биле пронајдени траги од крв и испратени на анализа.

    – Направени се голем број вештачења, пред се оние анализи кои би биле од голема корист за завршување на овој случај. Но, не постојат никакви поклопувања, ДНК на девојчето не е пронајдена во возилото со кое наводно било удрено, а крвта што е пронајдена е на еден од осомничените – објасни адвокатот Јовановиќ.

    Според адвокатот, истрагата во моментов е во застој, а обвинителството има нешто повеќе од два месеци да поднесе обвинителен акт, со оглед на тоа што законскиот рок за поднесување обвинителен акт е шест месеци.

    – Засега нема напредок, се чекаат понатамошни чекори на обвинителството со оглед на тоа што и двајцата уапсени го повлекле признанието дека го убиле девојчето и дека нема соодветни докази и сведоци. Доколку обвинителството во тој рок не поднесе обвинителен акт, осомничените може да бидат ослободени, но поради сложеноста на случајот претпоставувам дека тоа нема да се случи – вели Јовановиќ.

    На Данка на 26 март и се губи секаква трага откако со мајка си дошла во Бањско поле, а на 4 април полицијата ги уапси Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50), работници на „Водовод“ во Бор, поради сомнение за убиство на дете, и за криење на нејзиното тело. Тогаш и двајцата го признаа делото во полиција, но подоцна пред Вишото јавно обвинителство во Заечар, Срѓан се бранеше молчејќи, додека Дејан призна дека со голи раце ја задавил Данка. Но, откако беа сослушани голем број сведоци и направени голем број вештачења, и двајцата побараа да ги дополнат изјавите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img