Ѓерданче од италијанскиот бренд „Прада“ со траги од ДНК-та на Ана Волш може да го пратат нејзиниот сопруг Брајан во затвор. За накитот се знае дека Ана не го симнувала од вратот во последните месеци. Новиот доказ е пронајден во депонијата заедно со нејзината чанта и крвавиот ракав беа презентирани на суд од страна на обвинителството, пишуваат српските медиуми.
Полицијата пронашла 10 кеси за ѓубре обоени со крв на местото каде Брајан бил виден. Во нив имало папучи, чизми, ножици, пила, медициски костум, лента селотејп.
Истовремено телото на неидентификувана жена е пронајдено во вторникот во центар за рециклирање во Хартфорд. Телото било пронајдено по пријава на која реагирала полициската управа во Хартфорд. Дополнителната истрага ќе утврдува дали тоа може да е телото на Ана.
Да потсетиме, Брајан Волш(47) е обвинет дека на 1 јануари ја убил, а потоа ја распарчил својата сопруга Ана Волш во подрумот на нивната семејна куќа во Кохасет, а потоа ги спакувал деловите од нејзиното тело во кеси за ѓубре и ги фрлил. За време на истрагата, полицијата пребарала контејнер во Абингдон, каде Брајан наводно бил виден како носи тешка кеса за ѓубре.