На социјалните мрежи се појави видео на кое наводно се гледа како дрон фрла бомба врз руски војник кој бил фатен во прилично непријатна ситуација некаде во близина на Авдијивка.
На видеото се гледа дека војникот се криел зад уништено оклопно возило, верувајќи дека тоа е безбедно место каде што може на мир да врши голема нужда.
Несреќниот војник сепак бил снимен од извидувачки дрон кој веднаш се упатил кон него.
Се гледа и дека војникот го забележал пристигнувањето на дронот и се обидел да побегне со спуштени панталони, но веќе било доцна.
Засега не е познато дали снимката е направена за време на актуелната офанзива на руските сили кај Авдијивка или од претходно.
Ниту една страна не ја коментираше снимката.