More

    Трагична несреќа вчера ја потресе Србија кога 12-годишно момче се удавило во реката Јужна Морава

    spot_img

    Трагична несреќа вчера ја потресе Србија кога 12-годишно момче се удавило во реката Јужна Морава.

    – Никогаш немаше да отидеме таму ако не нѐ поканеше другарот на Стефан. Излеговме на прошетка, а јас дојдов дома без брат ми. Тој падна на предизвикот на тоа момче кое го убеди да се капе таму – вели сестрата на 12-годишниот С.З. кој се удави вчера во атар на нишкото село Малошиште во Јужна Морава.

    Таа објаснува дека првпат биле на тоа место и дека никогаш немало да отидат таму да знаеле колку е опасно, пишува српски Блиц.

    – Штом стигнавме до водата, тоа момче нѐ натера да пливаме. Јас одбив, ни брат ми не сакаше, но другарот го предизвика. Му рече на брат ми да скокне, велејќи дека и тој самиот ќе скокне. Брат ми на почетокот одби, но неговиот пријател го предизвика, нарекувајќи го кукавица и плашливец. Тој тогаш решил да му покаже дека не се плаши, скокна во водата и веднаш потона- вели сестрата на починатото момче.

    Преплашените деца веднаш повикале жена, која случајно се нашла на тоа место, а таа ја алармирала полицијата. Маж, кој имал рибник во близина, ѝ го позајмил својот чамец на полицијата, но чамецот се покажал несоодветен за потрага.

    Пожарникарите и спасувачите пристигнале со својата опрема и детето било пронајдено многу бргу.

    Истрагата засега покажува дека малото момче се удавило. Семејството сѐ уште не го презело телото, па не се знае датумот на погребот.

    Момчето било ученик во седмо одделение во основно училиште.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img