More

    Трагичен епилог на потрагата по изчезнатиот бразилски фудбалер

    spot_img

    Една грозоморна вест го потресе Бразил, а особено светот на фудбалот. Младиот бразилски фудбалер Винисиус Скулни Педроса е пронајден мртов во вторникот по потрагата што траела повеќе од десет дена.

    Телото на Скулни е пронајдено распарчено и без глава, во сојузната држава Мато Гросо, во реката Игуатема, во близина на границата со Парагвај. Тој се сметаше за исчезнат од 25 јуни, а телото е идентификувано по неговите тетоважи.

    Полицијата истражува неколку можни опции кои довеле до смртта на младиот човек. Меѓу осомничените е и неговата поранешна девојка, пишуваат бразилските медиуми.

    Фудбалерот кој имаше само 19 години и играше за мал тим исчезна по забавата на која отишол по натпреварот одигран на 25 јуни.

    Угледната шпанска „Марка“, повикувајќи се на неколку извори од Бразил, пренесува дека поранешната девојка на Винисиус, Рубија де Оливер, е главниот осомничен за неговата смрт.

    Фудбалерот дошол на гости, а таа наводно го убила. Со неа наводно било и нејзиното ново момче. Мотивите за ваквото злосторство не се познати, но трагите упатуваат на страсни мотиви зад злосторството, пишува „Марка“.

    Младиот Скални играше за локалниот тим Седук де Анастасио од Прожетињо, а беше и студент. Неговите роднини, пријатели и соиграчи велат дека во последно време бил во многу добра форма и дека имал можности да се пресели во подобар тим.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img