Во тетовската населба Мала Речица во дворот пред семејната куќа 34-годишниот З.С., враќајќи се наназад со своето патничко моторно возило „ауди”, удрил во малолетниот син, при што му нанел тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, информира МВР во полицискиот билтен.
Несреќата била пријавена вчера (29 јуни) во 12.10 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово, од каде била испратена екипа да извши увид.