Полициски службеници од СВР Скопје денеска околу 16 часот го лишиле од слобода А.П.(28) од Скопје поради основи на сомнение дека со остар предмет во семејниот дом го убил својот татко Б.П.(75).
Смртта е констатирана од Итна медицинска помош.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.