Татко во Франција во неделата признал дека ги убил своите три мали ќерки и се предал, изјавиле обвинителите и полициски извор. Мажот (41) отишол во полициската станица во северниот крајбрежен град Дипе „да пријави дека ги убил своите три деца“, изјави локалниот јавен обвинител.
Полицијата ги пронашла децата мртви во неговиот дом во градот Алфорвил, во југоисточното предградие на Париз, јавува НДТВ.
Јавниот обвинител во париското предградие Кретеј ја потврди „смртта на три млади девојчиња на возраст од четири, 10 и 11 години“.
Две деца се избодени до смрт, изјави полициски извор. Според раните наоди на истрагата, тие биле пронајдени под ќебе, додека третото дете лежело мртво на софата.
Таткото бил осуден за семејно насилство во 2021 година, изјави извор близок до случајот. Против него била издадена наредба за ограничување на контактот со семејството, но потоа била укината.
Мажот е приведен во полиција, соопштија обвинителите.