Младиот англиски фудбалер Меди Кјузак ненадејно почина на 27-годишна возраст, објави Шефилд Јунајтед чиј дрес го носеше од 2019 година.
Кјузак стана првата жена која забележала 100 настапи за Шефилд Јунајтед Жените минатата сезона. Работела во клубот и како маркетинг директор.
„Ова е потресна вест за сите во Брамал Лејн. Беше исклучително популарна со сите со кои доаѓаше во контакт. На сите ќе им недостига нејзината личност и професионализам“, соопштија од клубот без да ја откријат причината за смртта.
Поранешната млада англиска репрезентативка во текот на кариерата играше и за Нотингем Форест, Астон Вила, Бирмингем Сити и Лестер Сити.
Капитенот на Англија, Леа Вилијамсон беше меѓу првите кои и оддадоа почит на ѕвездата на Шефилд Јунајтед.
„Испраќам сета моја љубов и сочувство до семејството на Меди во овој ужасен момент“, напиша Вилијамсон на X, порано познат како Твитер.
Зборуваше директорката за женски фудбал на ФА, Сју Кембел.
„Сите сме уништени кога дознавме за смртта на Меди Кјузак. Во име на ФА, Лавовите, женската Супер лига и женското првенство, нашите мисли и најдлабоко сочувство се со семејството на Меди, пријателите, соиграчите и сите во Шефилд Јунајтед. Меди ја претставуваше Англија во различни возрасни групи и ние ќе ја почестиме на соодветно место“.