Голема трагедија се случи во понеделникот во САД кога тригодишно дете уби 10-месечно бебе откако пукало од наполнет пиштол. Бебето му било братче.
Началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус изјави дека во возилото имало три деца и една жена. Деца на возраст од 3 и 2 години и 10-месечно бебе биле во задниот дел на возилото, рече тој.
– Едно од постарите деца се фати за наполнет пиштол што беше во задниот дел од возилото и случајно го повлече чкрапалото. Најмалото дете беше застрелано. Ова е страшна трагедија – рече Мекманус.
Детали за случајот не се објавени. Во тек е полициска истрага.
„Бебето беше застрелано и убиено од мало дете кое зеде наполнет пиштол додека беа во паркиран автомобил и го повлече чкрапалото“, соопшти полицијата, пренесе ABC.
Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.