Телото на Хана Ј. било пронајдено во шахта во Махала кај Сапна, а додека полицијата утврдува што ја предизвикало нејзината смрт, соседите истакнуваат дека се во шок.
Медиумите јавуваат дека полициската истрага се уште трае на местото каде вчера беше пронајдено телото, јавува Српскаинфо.
Од полицијата соопштија дека се вршат оперативни дејствија од страна на кантоналниот обвинител и службеници од секторот за криминалистичка полиција на МУП ТК, но се уште е рано да се зборува за квалификација на настанот.
„Таа живееше со својот син, кој беше ментално болен. За него често се жалела до надлежните институции. Но, никој никогаш не презел ништо“, велат мештаните, а пишува Гласдрин.