Малолетник загина од струен удар денеска напладне, откако се обидел да се прекачи преку електрифициран вагон на Македонски Железници кој стоел на пругата во скопската населба Маџари, дознава Плусинфо од извори во јавното претпријатие МЖ.
Според истите извори, од струјниот удар детето загинало на самото место, а биле повикани екипи на Итна медицинска помош и на МВР за да извршат увид. Од МВР најавија повеќе информации за несреќата.