Товарните возови воопшто да не застануваат на граница

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ најави заеднички железнички станици со Северна Македонија, Црна Гора и Унгарија, што, како што рече, значително ќе го забрза движењето на патници и стоки.

– Ќе имаме заеднички товарни железнички станици за возовите повеќе да не застануваат на граница. Во Северна Македонија инспекции ќе се вршат на железничката станица во Табановце. Кон средината на мај во Бијело Поље ќе отвориме заедничка железничка станица со Црна Гора за возовите повеќе да не застануваат на граница, туку во Бијело Поље ќе имаме царина и полиција, и српска и црногорска, и се ќе се прави на едно место – рече Весиќ.

Тој изјави за „Еуронуз“ дека на сличен начин со Унгарија е договорено заедничката железничка станица да биде во Сегед за возот Сегед-Суботица, кој, како што вели, тргнува во октомври.

Share This Article