Товарен воз кој сообраќал на релација Железничка станица Гевгелија – Товарна Трубарево, удрил во две лица мигранти кои лежеле на пругата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Товарен воз кој сообраќал на релација Железничка станица Гевгелија – Товарна Трубарево, удрил во две лица мигранти кои лежеле на пругата. Двете лица од здобиените повреди починале на местото на несреќата.

Од МВР информираа дека денеска во 02.20 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на железничката пруга, помеѓу Железничка станица Миравци и Железничка станица Клисура, товарен воз кој сообраќал на релација Железничка станица Гевгелија – Товарна Трубарево удрил во две лица мигранти коишто лежеле на пругата.

Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Гевгелија.

фото: МИА

Share This Article