Товарен воз излета од шините во близина на Волгоград, во југозападна Русија, по „интервенција на неовластени лица“, јавија утринава руските медиуми.
-На станицата Котлубан, во регионот на Волгоград, вагон излета од шините по интервенција на неовластени лица – јавија руските медиуми.
Пожарот што избувнал во резервоарот за гориво и во еден вагон е изгаснат, соопштија од Министерството за вонредни состојби.
Детали за инцидентот не се објавени.
Градот Котлубан е на околу 300 километри од границата со Украина, а регионот на Волгоград беше цел на напади со украински беспилотни летала.