Товарен брод удри во мост на границата меѓу Хрватска и Србија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Германски товарен брод кој превезувал околу 1000 тони вештачко ѓубриво ноќеска удрил во стоб од мостот на дунав меѓу Илок и Бачка Паланка и поголем дел од товарот завршил во реката.

Сите шест членови на екипажот на германскиот брод Антонија се неповредени.

Од ПУ на Вуковар-Срем известија дека граничниот премин Илок-Бачка Паланка е затворен до дополнително известување, па апелираат до граѓаните кои имаат намера да ја преминат државната граница на Хрватска кон Србија да користат алтернативни гранични премини.

Градоначалничката на Илока, Марина Будимир, за хрватските медиуми најави дека сообраќајот преку мостот ќе биде во прекин додека не се утврди степенот на оштетување и стабилноста на мостот.

– Сите надлежни служби од хрватската и српската страна се на терен. Мислам дека е многу важно двете земји сериозно да ја сфатат ситуацијата и да се обидеме со заеднички напори да помогнеме да се реши ситуацијата што е можно поскоро. Важно е да се избегне еколошка катастрофа. Верувам дека имаме уште малку време да го намалиме нејзиниот размер – рече Будимир.
Бродот е во надлежност на властите на Република Србија, кои спроведуваат истрага за пловидбениот инцидент, соопштија од полициската управа Вуковар-Срем.

Српските медиуми јавуваат дека засега не е познато како огромното количество вештачко ѓубриво во водата ќе влијае на животната средина.

Полициската управа во Нови Сад за српската агенција Танјуг соопшти дека бродот кој пловел од Австрија кон Смедерево удрил во столб од мостот и потврдиле дека потонала баржата на која било натоварено вештачкото ѓубриво што го превезувал.

Share This Article