Тошо Малерот се најде во улогата на воспитувач

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Васко Тодоров, кого јавноста го познава како „Тошо Малерот“ од К-15, работи како воспитувач во младинските куќи на СОС Детско село.

– Цело време работам како воспитувач и тоа што сум го работел има воспитна димензија. К-15 конкретно е најголемиот социолошки проект направен во Македонија. Постоеше 20 години. Јас кога влегов овде, веднаш се заљубив, зашто тоа ми лежи, тоа ми е професија. И ја сакам оваа работа – вели Васко Тодоров во сторија за ТВ Канал 5.

Во моментов во СОС Детско село се дава поддршка на 28 млади лица во 4 куќи на различни локации во Скопје. За грижата и поддршката на лицата во оваа програма се грижат вкупно 23 вработени лица од кои 20 лица се воспитувачи и четворица се стручни работници кои се во директна грижа и работат со младите.

– Ако докторите спасуваат животи, ние, воспитувачите ги менуваме – вели Илчо Бадаров, раководител на служба за живеење со поддршка во СОС Детско село.

Младинската куќа на СОС Детско село во Бардовци е една од четирите куќи во Скопје каде тинејџерските години ги минуваат 7 деца на возраст од 14 до 18 години.

Share This Article