Тошковски изнесе кои се главните безбедносните закани за земјата

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Заедничките евроатлански вредности се основен двигател на земјите од Западен Балкан во надминување на своите разлики и продолжување на својот пат кон евроатланска интеграција, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на традиционалниот „Охридски безбедносен форум”.

-Како членка на НАТО, безбедноста и стабилноста значително се унапредија како за нашата земја така и за целиот регион. Многу потесно соработуваме со сите наши соседи кои се членки на Алијансата и заеднички придонесуваме кон самото функционирање и развој на Алијансата- рече Тошкоски.

Тој говореше и за тоа со кои предизвици се соочува македонската полиција на безбедносен план.

-Илегалната миграција и различните форми на прекуграничен криминал се едни од нашите главни предизвици како министерство. Тука можам да ги спомнам и хибридните закани кои се регионални и глобални и преку неконвенционални акции, психолошки и сајбер напади, шпионажа, ширење на дезинформации чија цел е создавање на перцепција на несигурност и недоверба на граѓаните во демократските институции. Да се потсетиме на хибридните напади кои што ги имавме во 2022 и 2023 година на територија на целата држава- рече Тошковски.

Според него, со цел да се намали можноста за ширење на лажни вести, шпекулации и паника, МВР редовно ги информира граѓаните и во таа насока го подвлече фактот дека за 2024 година Министерството за внатрешни работи достигна 95,7% индекс на активна транспарентност, што го става во најдобрите три владини институции во транспарентност и отчетност пред граѓаните.

Како останати предизвици со кои се справува МВР Тошковски ги спомна и тероризмот, насилниот екстремизам и радикализам во сите свои форми – национален, политички и религиозен.

Share This Article